Ози Озборн потврди дека има полесен облик на Паркинсова болест

124

Пејачот на легендарната група „Блек Сабат”, Ози Озборн во разговор со водителите во емисијата  „Добро утро Америка” откри дека има поблага форма на Паркинсовата болест.

Тој рече дека неговата болест е откриена во февруари минатата година, откако незгодно паднал и морал да откаже бројни концерти поради лошата здравствена состојба, јавува Би-Би-Си.

– Ова беше тежок предизвик за сите нас. Јас го одржав последниот настап за Нова Година и потоа паднав незгодно. Имав операција на вратот што ми ги уништи нервите, рече Озборн.

Тој вели дека сега е на лекови за Паркинсоновата болест и против болки во нервите, што ги има уште од операцијата.

Ова е првпат да се потврди дека Озборн страда од болест, за што долго време се шпекулираше.