Озил го убедува Боатенг

49

Откако ги осигураа услугите на поранешниот репрезентативец на Германија, Месут Озил, раководните лица на турскиот гигант Фенербахче, своето внимание го насочија кон централниот дефанзивец на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Баерн (М), Џером Боатенг. Искусниот фудбалер на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а Озил веќе се обидува да го убеди Боатенг да се пресели во Истанбул.