„Оживеа“ Инстаграм-профилот на Коби Брајант! (ВИДЕО)

84

Сите обожаватели на Коби Брајант беа изненадени откако неговиот Инстаграм – профил беше ажуриран два месеци по неговата смрт.

Брајант трагично загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија , неговото заминување имаше влијание врз сите сфери на животот, а со оглед на сè што направи во кариерата, легендарниот кошаркар остави зад себе големо наследство. Два месеци по неговата смрт, поранешниот играч на ЛА Лејкерс повторно се најде во центарот на вниманието во медиумите, благодарение на неговата сопруга, Ванеса Брајант, поради една објава на Инстаграм.

Имено, Ванеса на официјалниот профил на Брајант објави кратко видео во кое ја промовираше книгата „Серискиот волшебник: Прва сезона“ како продолжение на претходната книга „Серискиот волжебник: Тренинг камп“.

Неколку месеци пред неговата смрт, Коби работеше со сценаристот Весли Кинг на оваа книга. За жал, Брајант не го дочека продолжението на авантуристичката книга во која главниот лик го има јунакот Реџи.

Инаку, вдовицата на НБА ѕвездата се обрати до јавноста по повод изборот на некогашниот ас на „езерџиите“ во куќата на славните.

Ванеса истакна дека достигнувањето е врв на неговата голема спортска кариера, и дека тоа всушност Коби го заслужил. Нешто претходно беше објавено дека Коби ќе биде еден од луѓето кои ќе бидат воведени во куќата на славните, а освен него, таква чест им е укажана и на Кевин Гарнет и Тим Данкан.

  • Се што оствари во својата кариера, го водеше до овој момент. Јасно е дека сите сакаме Коби да е со нас, да го прослави изборот. Неверојатно сме горди на него и мала утеха ни е фактот што ќе биде еден од спортистите кои ќе бидат дел од куќата на славните во 2020 година, порача Ванеса.

Брајант загина во хеликоптерска несреќа на 26 јануари годинава, а на тој кобен лет, со Коби на небото замина и неговата мала ќерка Џијана.