Од 27 до 29 ноември во МНТ: Игри без маска, театар без дискриминација

302

Во Македонски народен театар на 27,28 и 29 ноември ќе се одржи Меѓународниот драмски фестивал за лица со и без хендикеп „Игри без маска, театар без дискриминација 2019“.

Учесници на настанот, кој е под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, се аматерски актерски групи на лица со и без хендикеп од земјава и странство. Организатор на овој драмски фестивал е Здружението на граѓани за промоција и развој на регионите „Свет на различни, а еднакви“.

Целта на проектот е остварување на законското право на лицата со хендикеп за нивно активно вклучување во културни настани, реализација на инклузивни обуки и работилници за нивна подготовка и учество во драмски дела и музичко сценски настапи со завршно претставување на театарската сцена.

На фестивалот ќе има учесници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Бугарија.