Од 22 од 26 април извршени 2.273 инспекциски надзори

125

Охриѓани во осум јавни објекти не ја почитувале  наредбата за носење маски, четири продавници во градот се предупредени за промена на цените на продуктите, а во Тетово, Гостивар и Скопје, пак, се затворени вкупно девет угостителски објекти и запечатени се 18  кафемати.

Ова се дел од утврдените неправилности и мерките преземени од државните инспектори во изминативе пет дена за кои денеска на прес-конференција во Владата информираше претседателка на Инспекциски совет Магдалена Филиповска-Грашкоска.

-Од 22 од 26 април  од страна на шест инспекциски служби извршени се вкупно 2.273 инспекциски надзори од кои 1.441 надзор  се извршени од Државниот пазарен инспекторат во трговски објекти на голема и мала продажба  во кои спаѓаат угостителски објекти, аптеки, бензински станици, банки и пошти. При инспекциите, во најголемиот дел од случаите  извршена е контрола во однос на поставување  ред и дисциплина при  влез и во внатрешноста на објектите  како и проверка на почитување на уредбата  со која се замрзнаа цените на одредени  производи на износите  утврдени  на 11 март, информираше Филиповска-Грашкоска.

Од страна на АХВ  од 22 до 26 април  спроведени се 201 инспекциски надзор  во повеќе градови во маркети, угостителски објекти, месарници, производствени објекти  и зелени пазари.

-Издаден е еден прекршочен налог  поради немање услови за одржување на хигиена  при манипулација со храна. Изречени се пет казнени мерки едукации поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедносна храна.  Издадени се вкупно осум решенија за  констатирана општа лоша  хигиенска состојба или неводење  записи за добра хигиенска пракса, истакна Филиповска-Грашкоска.

Претседателката на Испекцискиот совет информираше дека Државниот иснпекторт за труд  реализирал 437  контроли при што поднеле една кривична пријава  и донесени се уште 10 решенија  и 28 укажувања за  работодавачите коишто не ја почитувале мерката и препораките  на Владата, а се однесуваат  на платено отсуство на вработени лица  кои се родители на дете под десет години, самохран родител, бремени жени или хронично болни лица. Трудовиот инспекторат констатирал дека поголемиот дел  од работодавачите ги почитуваат препораките  за заштита на своите вработени од  корона вирусот при што  кај одреден број на работодавачи  е евидентирано дека има работници кои  работат од дома.

Државниот инспекторат за транспорт од 22 до 26  април направи вкупно 56 инспекциски надзори при што констатирале дека меѓуопштинскиот сообраќај  е редуциран за 95 проценти, како и дека меѓуградските линии Скопје-Куманово и  Скопје – Тетово се во целосен прекин.

-Дополнитено од направените контроли на автобуските станици во повеќе градови е утврдено дека се почитува владината одлука за 50 проценти намален капацитет односно  за преполовен број на патници. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт е  констатирано дека и товарниот сообраќај се одвива без ограничување и се почитуваат препораките, појасни Филиповска-Грашкоска.

ДСЗИ спровеле дополнителни 108 инспекциски надзори во нивна надлежност, а тоа се приватни и јавни здравствени установи, домови за стари лица. Издадени  се 385 дозволи на транспортери, професионални возачи, односно дозволи кои се неопходни да се обезбеди транспорт во услови на пандемија со корона вирус.