Од 1 јуни паркинзите на „Градски паркинг“ ќе работат од 7 до 23 часот

167

Од понеделник 1 јуни 2020 година започнува летното сметање на работното време на сите јавни површини наменети за паркирање со кои стопанисува јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје, зони А, Б, Ц и Д.

Работното време, како што соопшти претпријатието, ќе биде од понеделник до сабота од 7 до 23 часот за зони А, Б, Ц и Д.