Шефовите на трите водечки институции на Европската Унија, денеска потпишаа финална регулатива со која го официјализираа користењето на ковид пасошот, што овозможува слободно движење во рамките на ЕУ за време на пандемијата.

На церемонијата на потпишување присуствуваа претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, Советот на Европската унија Антонио Коста и Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„ЕУ дигиталниот ковид сертификат е симбол на тоа за што се залага Европа. Европа што не се предава кога ќе биде ставена на тест за издржливост. Европа што се обединува кога се соочува со предизвици. Нашата унија уште еднаш покажа дека работиме најдобро кога работиме заедно“ – рече премиерот на Португалија, Алберто Коста.

Тој нагласи дека регулативата за дигиталниот сертификат е договорена за рекордно време од 62 дена

„Можеме да бидеме горди на ова големо достигнување. Европа што сите ја знаеме и ја сакаме назад е Европа без бариери. Сертификатот на ЕУ ќе им овозможи на граѓаните да уживаат во најопипливото и најмилото право во ЕУ“ – правото на слободно движење, посочи Коста.

Целта на дигиталниот документ е да го олесни безбедното и слободното движење во рамките на ЕУ за време на пандемијата со Ковид-19. Сите Европејани имаат право на слободно движење, но сертификатот ќе го олесни движењето со ослободување на имателите на овој документ од ограничувањата како што е карантин.

Сертификатот ќе биде достапен во дигитална и хартиена форма и ќе се издава на сите официјални јазици на ЕУ. Тоа ќе обезбеди информациите за корисникот како што се прележан ковид, вакцинација или тестирање на коронавирус.

Сертификатот нема да се наплаќа.

Регулативата стапува на сила на 1 јули 2021 година и останува на сила 12 месеци.

Обраќајќи се на прес по церемонијата на потпишување, претседателката на Европската комисија,Урсула фон дер Лајен, рече дека граѓаните можат да се радуваат на летото по успешната кампања за вакцинација и воведувањето на на ковид сертификатот.