Од јануари до мај извозот порасна за 14,1 процент

51

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 161 290 026 илјади денари и бележи пораст од 14.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 212 825 593 илјади денари, што е за 14.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 51 535 567 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 75.8 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во периодот јануари – мај 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 2 622 004 илјади евра и бележи пораст од 14.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 459 876 илјади евра, што е за 14.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 837 872 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 2 959 957 илјади САД долари и бележи пораст од 6.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 906 117 илјади САД долари, што е за 5.6 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 946 160 илјади САД долари.