Од утре зонското паркирање во Тетово повторно ќе се наплаќа

39

Општина Тетово од утре 1-ви декември повторно ќе наплаќа за паркирање на улиците каде има обележано зонски паркинг.  Услугата беше бесплатна по стапување на функција на новиот градоначалник Билал Касами на 4 ноември.

Во Тетово има две зони каде се наплаќа по 20 и 30 денари за еден час паркирање.

-По неколкунеделен прекин на плаќањето на граѓаните за паркинзите во Тетово, започнувајќи од 01.12.2021 година повторно ќе почне да функционира платениот паркинг. Одложувањето на плаќањето од неколку недели се должи на откривање на проблемите што ги има оваа компанија, а според нашите инспекции откривме многу неправилности кои се веќе решени. Приходите што ќе ги остварува оваа компанија ќе се користат за плати на вработените, за одржување на паркинзите и за нови инвестиции за граѓаните да имаат најдобри можни услови и максимално да се помогне сообраќајот во градот. Ве известуваме и дека наскоро ќе се создадат нови паркинзи и места, информираат од Јавното претријатие „Градски паркинг-Тетово.

Во Тетово има две зони каде се наплаќа по 20 и 30 денари за еден час паркирање.