Од утре забранет влез и во Унгарија, за сите странци, па и Македонци!

Грчката Влада ја продолжи одлуката за забрана за влез во земјата на македонски државјани до 15 септември, што значи дека ова лето речиси до крај на сезоната грчките плажи останаа недостапни за македонските државјани. Сигнали за постигнување на некој регионален договор за слободен проток на луѓе од втората половина на овој месец имаше изминатиот викенд, откако земјите од Западен Балкан, Грција и Бугарија на видеоконференција се договориле да се изработи иницијален документ на заемен протокол за границите. Министерот Филипче побарал да се овозможи слободен премин на границите, но да има контрола над состојбата со вирусот

247

Ковид-19 изминатите месеци покажа дека не застанува пред ниту една граница и успеа од Вухан да стигне насекаде низ светот, но државите ги спуштаат рампите со цел да се заштитат од „увезени” случаи на заразени со коронавирусот. Границите станаа филтри и се третираат како штит или противотров за новата заразна болест поради која застана светот. Иако Европа е изградена врз утописка идеја за укинување на границите, сведоци сме дека постојано се стреми кон постепена девалвација на таа идеја и во услови на пандемија границите станаа главен здравствен и безбедносен механизам од најголема важност. Соочени со јасната закана од ковид-19, земјите членки ги затворија националните граници, особено кон т.н. трети земји, иако бројот на заразени и во европското семејство не е блескав.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан издаде декрет со кој го забранува влезот на странци во земјата, со малобројни исклучоци, објавено е во службениот весник на таа земја. Забраната, која стапува на сила утре, беше објавена минатиот петок, објави агенцијата МТИ. Исклучоците се однесуваат на државните функционери кои организираат официјални настани, лица кои примаат медицински услуги, странски студенти со потврда дека редовно студираат, возачи на камиони на пат кон своите куќи, учесници во спортски, културни или верски манифестации.

Сите кои имаат одобрен влез во Унгарија ќе мораат да одат во двонеделен карантин и да бидат два пати тестирани негативно на коронавирусот. Двонеделниот карантин е задолжителен и за Унгарците кои се враќаат од странство.

– Овие мерки се воведени за да се спречи внесувањето на вирусот во земјава, истакна шефот на кабинетот на премиерот, Гергели Гулаш, додавајќи дека Унгарија, пред сè, на тој начин сака да ги заштити своите постари граѓани, да им овозможи на децата да бидат безбедно подготвени за почетокот на учебната година и да продолжат со економскиот напредок.

Грчката Влада за уште две седмици ја продолжи забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, како и мерката за ограничување на копнените поврзувања на земјата со Македонија и Албанија. Претходната заедничка министерска одлука за прекинот на копнените поврзувања на Грција со Македонија и Албанија истекува денеска, а ќе се продолжи со нова што ќе биде во сила до 15 септември, што значи дека ова лето речиси до крај на сезоната грчките плажи останаа недостапни за македонските државјани. Сигнали за постигнување на некој регионален договор за слободен проток на луѓе од втората половина на овој месец имаше изминатиот викенд, откако земјите од Западен Балкан, Грција и Бугарија организираа видеоконференција на која разговараа за состојбата во земјите со ковид-19. На оваа конференција на иницијатива на министерот Филипче, тој побарал да се овозможи слободен премин на границите, но да има контрола над состојбата со вирусот. На состанокот се договориле да се изработи иницијален документ на заемен протокол за границите, а следната видеоконференција, на која ќе се дискутира за протоколот, ќе се одржи најдоцна за две недели.

Слободен влез во Албанија и Турција

Слободен влез за македонските државјани, за каде не е потребен ниту ПЦР-тест има само во Албанија и Турција. Токму поради слободниот влез и недостапноста на грчките плажи, ова лето поголем број македонски туристи заминаа на летување во овие две земји, особено кај западниот сосед.

Србија

За влез во Србија на македонските државјани им е потребен негативен ПЦР-тест, не постар од 48 часа. Ова правило за патување кај нашиот северен сосед важи од 14 август. Македонските државјани кои транзитираат низ Србија не е потребно да приложуваат негативен ПЦР-тест при влез во оваа земја, со тоа што периодот за транзитирање е лимитиран на 12 часа од моментот на преминување на границата.

Бугарија

За влез кај нашиот источен сосед, за македонските граѓани се бара негативен ПЦР-тест кој не е постар од 72 часа. За оние кои транзитираат низ земјата не треба тест.

Црна Гора

Од земјите во регионот Црна Гора има најшироки барања за странците што сакаат да влезат на нејзина територија. Според податоците, објавени на сајтот на македонското МНР, за влез во Црна Гора е потребен негативен ПЦР-тест за коронавирус или позитивен резултат на антитела на серолошки тест ELISA, двата не постари од 72 часа. Властите во Црна Гора нагласуваат дека странските државјани 15 дена пред влегувањето во Црна Гора не треба да престојувале во ниту една од земјите од кои не е дозволен влез во земјата. Обврската за тест за влез во Црна Гора не се однесува на деца до пет години.

Хрватска

За влез и престој во Хрватска мора да имате негативен ПЦР-тест, хотелска резервација и треба да се пополни посебен образец.

Босна и Херцеговина

За влез во Босна и Херцеговина на секој патник со македонски пасош му е потребен негативен ПЦР-тест, не постар од 48 часа.

Косово

Косово бара ПЦР-тест не постар од 72 часа, а без тест македонски државјанин може да транзитира само до аеродромот.

За македонските државјани е забранет влезот во сите земји членки на ЕУ кои беа најчести дестинации, освен во исклучителни ситуации, за итни, неодложни причини, за транзит или за лицата кои имаат регулиран престој.