Од утре во Франција носењето маска надвор веќе нема да биде задолжително, освен во одредени случаи

27

Францускиот премиер Жан Кастекс на прес конференција најави олеснување на здравствените ограничувачки мерки во земјата, почнувајќи од утре 16 јуни, јави дописникот на МИА.

Првата симболична мерка е укинување на обврската за носењето маска на отворено во. Ова веќе нема да биде задолжително освен во одредени околности (групирање, преполни места, редици, стадион).

Префектурните декрети ќе бидат изменети од утре цо оваа насока, рече премиерот.

Носењето маска ќе остане задолжително на затворени места.

Другата мерка е укинувањето на полицискиот час, кој сега започнуваше во 23 часот, но на два пати имаше толеранција, како за полуфиналето на Роланд Гарос и за време на синоќеѓната средба меѓу Германија и Франција. Полицискиот час се укинува од недела 21 јуни, односно на денот кога се празнува празникот на музиката низ цела Франција.