Од среда пад на температурите за 6 до 8 степени

93

Денес и утре во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има услови и за изолирана појава на град и засилен ветер.

Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса во среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни(над 30л/м2) во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Заради северниот ветер ќе има пад на температурите за 6-8 степени.