Ќе се раскине договорот за новогодишно украсување, од следената година Градот ќе кити со сопствени украси    

89

Град Скопје ќе го раскине договорот со „Линк медиа плус“ за новогодишно украсување на градот.

– Соочени со енергетската криза која е во тек, а имајќи во предвид дека државата набавува електрична енергија со драстично повисока цена, како и во согласност со Владината одлука за прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор, Град Скопје побара раскинување на договорот со дооел за новогодишно украсување на градот во вредност од 14.986.000 денари, односно 243.000 евра – информираат од Град Скопје.

Оттаму потенцираат дека следната година Град Скопје ќе набави украси кои ќе бидат сопственост на градот со што ќе се заштедат значителни средства од градскиот буџет кои досега секоја година се трошеле за еднократен годишен закуп на овие украси.

– Ова е само прв пример за воспоставување на нова пракса на одговорно и транспарентно работење на Градот, со што ќе ставиме крај на неодговорното работење и трошење на градските буџетски средства – децидни се од Град Скопје.