Од Скопје до Белград ќе се патува за три часа по новиот автопат преку Грделичка клисура

480

Од среда, 15 мај ќе биде пуштен во употреба новиот автопат преку Грделичка клисура, односно ќе биде пуштен во сообраќај јужниот крак на Коридорот 10 кон Северна Македонија и Грција кај Грделичка клисура во Србија, Според српските медиуми, од Белград до Скопје ќе може да се патува за три часа.

Со отворањето на делницата Србија преку Коридорот 10 ќе биде целосно поврзана со 600 километри долг автопат од границата на Северна Македонија до границата со Унгарија. На делница преку Грделичка клисура долга 26,3 километри, возачите од Северна Македонија и Србија ќе имаат можност да поминат низ два нови тунела и 33-те конструирани моста. Т

Коридорот 10 е еден од најважните паневропски транспортни коридори што поминуваат низ Србија и ги поврзува Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Северна Македонија и Грција.