Од рециклирана рибарска мрежа до телефон, таблет, лаптоп

411
Old fishing net lost on the ocean floor near Marseille, France © Getty Images

Отфрлените рибарски мрежи се меѓу најраспространетите и најштетните употребувани пластики кои што претставуваат сериозна закана за морскиот живот. Секоја година во океанот се фрлаат неверојатни 640.000 тони рибарска опрема, заплеткувајќи морски животни и оштетувајќи ги коралните гребени.

Предизвик во светот е како да се намали пластиката преку циркуларни производи и да се остварат поголеми придобивки од фрлениот пластичен отпад. Токму во таа насока компанијата Самсунг електроникс фрлените рибарски мрежи ги претвора во рециклиран материјал со високи перформанси за уредите Галакси и за оваа иновација доби награда SEAL за одржлив производ како поттик за напредок во областа на екологијата.

Самсунг најпрво почна да користи рециклирани фрлени рибарски мрежи за серијата Галакси С22, а потоа и низ целиот екосистем на Галакси, вклучувајќи таблети, лаптопи и слушалки. Во соработка со организации кои се борат за истата цел, Самсунг создаде нов материјал од рециклирана фрлена пластика и ги поддржа своите високи стандарди за квалитет.

Преку Galaxy for the Planet, Самсунг има за цел да развие и користи рециклирани материјали во сите нови производи, да ја елиминира пластиката за еднократна употреба во пакувањето на мобилните уреди и да постигне нула потрошувачка на електрична енергија во режим на мирување и нула отпад за депонии до 2025 година.

(С.Бл.)