Од посакуваната победа до истрага: Малта во голем евровизиски скандал: Кој ги трошел парите?

145

Министерот Кармело Абела наложил ревизија на трошоците откако примил извештаи дека дел од доделените пресметки за 10-дневниот настан бил искористен за обложување на песната „Је Ме Casse“.

 

Медиумите на Малта дури сега откриваат дека нивната земја за овогодишната “Песна на Евровизија“ потрошила неверојатни 650 илјади евра, само поради тоа нивната претставничка да победи. Тие биле сигурни дека црномурестата Дестини ќе биде победник, но сепак тоа не се случи. Малта како држава одеше на победа без и трошка сомнеж дека нема да победат бидејќи во тоа гледаа и одлична шанса за доаѓање на голем број туристи.

Туризмот на Малта минатото лето доживеа тотално фијаско поради коронавирусот, а ова лето сакаа и победата на “Евровизија“ да ја вклучат во целиот тој пакет. Но сега “Евровизија“ и Дестини отпаднаа, а нивното Министерство за внатрешни работи наредило итна ревизија на трошоците поради сомнеж дека добар дел од парите се потрошени на обложувања. Се сомнева дека Малтежаните, одговорни за промоција на изведувачката и песната, финансирале странци кои потоа се обложувале за Малта.
Министерот Кармело Абела наложил ревизија на трошоците откако примил извештаи дека дел од доделените пресметки за 10-дневниот настан бил искористен за обложување на песната„Је Ме Casse“.

Малта ја рекламираа и на Фејсбук, Твитер и Инстаграм, а за нејзина промоција биле ангажирани и странски инфлуенсери.
Поради сè ова Малта ја тресе голем евровизиски скандал – нивната претставничка Дестини со песната „Је Ме Цассе“ со недели беше на врвот на обложувалниците, а минатата сабота ја дочека студен туш кога од гледачите доби само 47 поени. Во драматичната завршница на 65. “Евросонг“ во Ротердам, со гласовите на публиката победи Италија, а Малта заврши на 7. место. Истрагата е во тек. Кој ги трошел парите?