Од понеделник до петок ќе се чисти и дезинфицира резервоарот Шуто Оризари

277

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека од денеска до петок ќе се врши чистење и дезинфекција на резервоарот Шуто Оризари.

Во овој период можни се кратки прекини на водоснабдувањето во населбата Шуто Оризари. Прекините нема да бидат подолги од 15 до 20 минути во утринските часови.