Од понеделник до петок ќе се прска против комарци

71

Градот Скопје ќе спроведе терестрична дезинсекција на подрачјето на главниот град против возрасни форми на комарци почнувајќи од понеделник 8-ми јуни и ќе се врши до петок 12 јуни во период од 22 до 3 часот наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.