Ова е ДЕН на срамот за Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), одговори заменик-министерот за надворешни работи на Полска, Пјотр Ваврзик, откако ИОК препорача условно враќање на руските и на белоруските спортисти на меѓународните натпреварувања.

  • Што се случи позитивно на руска страна за нејзините спортисти да учествуваат на натпреварите? Од секојдневното бомбардирање на цивилни локации? Тоа е ден на срамот за ИОК – напиша Ваврзик на „Твитер“.

Во заедничката изјава во понеделникот, Полска, Украина и трите балтички земји рекоа дека „нема причина да се отстапи од режимот за исклучување на руските и на белоруските спортисти воспоставен од ИОК пред повеќе од една година“, по руската инвазија на Украина.