Од мини депонии во Бутел исчистени 20 тони шут

34

Oпштина Бутел спроведе екоакција каде се исчистија повеќе локации на цела територија на општината. Досега се исчистени пет локации каде имаше мини депонии и тоа во: село Радишани – улица „8“, на спојот со патот на селото Љуботен, улица „Бутелска“- кај расадник, улица „Бетовенова“ – на спојот со „Александар Бујнов“, парк површината од улицата „Груица Војвода“ – зад кино Бутел и Скопје – Север, улиците „Гоце Стојчевски“ и „Боро Менков“.

Во првата фаза од акцијата се исфрлени 10 камиони, осносно 20 тони шут во депонијата Дрисла. Во втората фаза предвидени се уште три локации од кои: патот од гробишта Бутел кон патот кој води до Кучевишка Бара, последна 8-ка, населено место Љуботенски пат. Предвидена е и санација на најголемата депонија од улицата „Александар Урдаревски“, на патот кон гробишта Бутел, односно од левата страната после мостот на реката Серава.