Од летни температури на нула: Првиот снег забели во БиХ, невреме и во Хрватска/ВИДЕО

922

По обилните дождови во изминатите два дена во Босна и Херцеговина, снег пристигна на планините, поточно на врвот Бјелашница и на Јахорина.

Федералниот хидрометеоролошки институт за денеска најави претежно облачно време, врнежи од дожд во Херцеговина, централните и источните области на Босна и снег и лапавица на врвовите.

Првиот снег сезонава утрово падна на планините Бјелашница и Јахорина, а снег има и на високите планини во Австрија и Италија.

Во изминатите неколку дена, температурата на воздухот значително опадна, а поради силните врнежи од дожд беше вклучен жолт и портокалов метео-аларм.

Најниската температура денес беше измерена на Бјелашиница – нула степени.

И Србија рано утрово беше погодена од силно невреме, а слична ситуација имаше во градовите низ Хрватска, но и во Босна и Херцеговина.

Снег денеска започна да паѓа и во Хрватска, а првите снегулки паднаа на Биоково, каде беа измерени нула степени.