Од кога на море? Македонските туристи меѓу „сигурните“ патници за Грција

223

Грција ќе ги прими првите туристи веќе после 15 јуни, без тест за коронавирус и без задолжителен карантин, а на листата „сигурни“ патници на кои ова најрано ќе им биде возможно се македонските туристи и граѓаните на останатите балканските земји.

Ова го предвидува планот на грчката Влада „Restart tourism“, со кој се најавува брзо и безбедно да започне туристичката сезона во Грција.

Според SKAI, на списокот со 19 земји чии граѓани ќе можат да заминат на одмор во Грција претстојнава сезона се најде и Македонија.

Другите  земји се: Кипар, Израел, Кина, Јапонија, Австралија, Норвешка, Данска, Австрија, Бугарија, Србија, Романија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Полска, Унгарија, Словачка и Чешка.

Хотелите кои работат во текот на целата година треба повторно да бидат отворени на 1 јуни, а сезонските хотели од 15 јуни. Се очекува дека на туристите од останите земји ќе им биде дозволен влез од 1 јули.