Од изутринава без струја неколку скопски села

79

Без струја  од 7:45 до 15:30 часот ќе останат корисниците од селата Страчинци, Виниче, Црешево и Булачани во Општина Гази Баба, а од 9 до 10 часот корисниците од селата Арнакија, Буковиќ, Ласкарци, Семениште, Раовиќ и Паничари.

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија од 8 до 11:30 часот ќе останат дел од корисниците од село Сопиште, од 9 до 13 корисниците од дел од село Орешани и ул.3 во село Горно Соње, од 9:30 до 14:30 часот корисниците од селата Букович, Семениште, Раович, Чајлане, Ласкарци и Паничари и од 9 до 14 часот корисниците од Бул.Партизански Одреди зграда бр. 66 и објектите во околината.