Руските војници ги јаделе животните од локалната зоолошка градина за да преживеат

Уште една хорор приказна доаѓа од војната на Украина со Русија. Работниците и волонтерите во зоолошката градина во малото гратче Јамил во источната провинција Доњецк, која повторно ја зазедоа Украинците, се најдоа пред ужасна глетка.

Според волонтерите од зоолошката градина кои зборувале за украинските медиуми, „многу животни биле изедени од руски војници, орките“, како што ги нарекуваат Украинците.

Нивните жртви биле две камили, кенгур, бизон, неколку прасиња, птици и волци.

Практично, руските војници ги јаделе животните од локалната зоолошка градина за да преживеат.

Пред инвазијата на 24 февруари, чуварите на зоолошката градина рекоа дека комплексот бил дом на широк спектар на животни, вклучувајќи мечки, камили, антилопи и диви свињи.

Волонтерите собираат информации за да ги дадат до надлежните органи и да поднесат жалби за овие нечовечки дејствија.