На охридскиот режисер и продуцент Даниел Јовески  деновиве му се исполни желбата да работи на спотот на неговите идоли од „Црвена јабука“ и пејачот Жељко Самарџиќ. Спотот го сними токму во нашата убава држава.

– Спот за дуетската песна на „Црвена јабука“ и Жељко Самарџиќ и моја прва соработка со режисерот Харис Дубица. Огромна е честа да се снима со најголемите идоли од моето детство, напиша на Јовески на „Фејсбук“.

Даниел / Фото: ФБ.

Инаку, Даниел изминативе години изработи многу музички спотови и за личностите од домашната сцена, но и за естрадните уметници во Албанија и Косово. Тој е добитник на многубројни награди, а оваа година во Улцињ, Црна Гора повторно освои награда за најдобар режисер на видеоспотови.