Од денеска дополнително олеснување на мерките во Србија?

68

Членовите на српскиот владин кризен штаб за сузбивање на епидемијата со новиот коронавирус ќе имаат состанок денеска, за да разговараат за понатамошно ублажување на мерките.

Се очекува одобрување за организирање прослави за матура, свадби и други собири, со почитување на епидемиолошките мерки.

Според податоците од вчера, во претходните 24 часа во државата биле потврдени уште 138 случаи на Ковид-19, и четири смртни случаи.