Од денеска горивата поскапи за 2,6 отсто

65

РКЕ вчера одлучи по две недели да ги зголеми цените на горивата. Се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,41%, односно за 2,60% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија од 21.01.2019 година.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,41%. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,60%.