Од денеска во ЕУ ограничена важност на ковид сертификатите

96

Од денеска ЕУ го ограничувања важењето на ковид сертификатите, односно ќе се применува правилото според кое дигиталните сертификати за вакцинација против ковид се прифаќаат во рок од 270 дена од завршувањето на примарната вакцинација.

Кога станува збор за бустер дози, во моментов не постои ограничување на валидноста на адекватен сертификат во ЕУ, според Брисел.

Поточно, тоа значи дека во случај на патување во земјите на ЕУ, но и во рамките на Унијата, потврдите за вакцинација не постари од 9 месеци од примањето целосна примарна вакцинација против Ковид, кои во зависност од видот може да имаат една или две дози.

Земјите – членки може да применуваат различни правила на национално ниво кога користат дигитални сертификати за ковид на ЕУ, но се поканети да се усогласат со правилата на ЕУ.

Од денеска ќе важат новите правила за кодирање на сертификатот, така што бустер дозата ќе биде евидентирана како 3/3 по примарната серија вакцинација со 2 дози или 2/1 по вакцинацијата со единечна доза, односно по една доза и прележување на вирусот.