Од Град Скопје 7 милиони денари за реконструкција на улица во Сарај

169

Град Скопје ќе ѝ помогне на општина Сарај со седум милиони денари за целосна реконструкција на Сервисната улица број 6 во Сарај.

Ова е предвидено со предлог-одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Градот и општина Сарај за финансиско учество за целосна реконструкција на Сервисната улица број 6 во Сарај.

За реализација оваа предлог-одлука која треба да се најде на дневен ред на седницата на Советот на Град Скопје што треба да се одржи денеска, градоначалникот на Град Скопје ќе склучи договор со градоначалникот на општина Сарај, во форма и содржина пропишана со Законот за меѓуопштинска соработка.