Од вчера продавниците во Црна Гора не работат во недела

124

Црна Гора вчера ги затвори сите продавници и трговски центри, бидејќи стапи на сила изменетиот закон за домашна трговија, во кој се вели дека во недела и државни празници може да се купува само во специјализирани продавници, пазари или весници.

Трговците кои се плашат од пад на прометот, го контактираа Министерството за економија да им биде дозволено да работат во недела, но нивните барања биле одбиени.

Според законот, само аптеките, продавниците за леб, цвеќарите, бензинските пумпи можат да работат во недела. Со парична казна ќе бидат казнети дуќанџиите кои го кршат законот и ги отвораат своите продавници.