„Од врата до врата“: Здравствените власти во Египет ја продолжуваат кампањата за вакцинација против Ковид

24

Министерството за здравство на Египет ја продолжува третата фаза од кампањата „од врата до врата“ за вакцинација против Ковид-19. Третата фаза се одвива во голем број области, вклучувајќи ги Каиро, Гарбија, Дакалија и Кафер ел Шеик, а повеќе од 190.000 луѓе веќе се имунизирани.

Шефот на научниот комитет за справување со пандемијата на Ковид, Хосам Хосни, рече дека вирусот и неговите варијанти се уште постојат, но симптомите се поблаги, благодарение на природниот имунитет и вакцинацијата. Тој потсети дека периодот на изолација е намален на пет дена, под услов заразените да ги земат потребните лекови и симптомите да исчезнат во рок од 48 часа.

Според Светската здравствена организација, до 20 јуни 2022 година во Египет биле доставени повеќе од 89 милиони дози вакцина против Ковид-19. На почетокот на јуни, ширењето на коронавирусот во северноафриканската земја достигна најниско ниво од почетокот на пандемијата.