На денешен ден во 1973 година тргнал првиот електричен воз од Трубарево за Скопје, и поминал низ Кисела Вода, на местото викано „Рампа“ .

Додека пред цели 46 години, низ Скопје возел електричен воз, градските власти речиси половина век  се обидуваат да  воведат електричниот трамвај во метрополата.

Првиот неуспешен обид го имаше поранешниот градоначалник, Трифун Костовски. Иако ветуваше барем километар траса за трамвајот во неговиот мандат, тој беше спречен од Владата на поранешниот премиер Никола Груевски, која не сакаше да биде гарант за подигање на кредит со кој би се реализирал проектот.

Потоа, ова ветување влезе и во Програмата на наредниот скопски градоначалник, Коце Трајановски, а еве сега, предизборно се ветува и од сегашниот премиер Зоран Заев и првиот човек на градот Петре Шилегов. Ветувањата, одат до таму што се очекува  веднаш да почне да се работи на тендерска документација, за да може да се заврши до зимата, со што би можела да започне и конкретната реализација.

Дали и овој пат ќе остане само предизборно ветување и само пуста желба или скопјани конечно ќе го добијат трамвајот, останува да видиме.

    (А.П.)