Од вечерва промена на времето: Дожд и снег на повисоките места

58

Денес во вечерните и ноќните часови од запад ќе се прошират врнежи, кои на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. Во западните делови врнежите ќе бидат обилни (над 25 л/м2), па таму снежната покривка на планините значително ќе се зголеми, а поради силниот ветер ќе има појава на снежни наноси.

Поради продор на студена воздушна маса утре ќе има повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а попладне ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но ќе слабеат по интензитет. Во западните делови мала снежна покривка ќе се формира и на пониските места, јави УХМР.

Утре особено попладне и кон крајот на денот, како и во среда ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата.

Стабилизирање на времето се очекува од четврток.