Од бездомник и измамник до еден од најдобрите фудбалери во светот

1942

Сите деца кои ја сакаат фудбалската игра сонуваат еден ден да израснат во голема ѕвезда која ќе ги игра најважните натпревари во Лигата на шампиони кои ги гледаат милиони фанови низ целиот свет. Таквиот сон за некој играч ќе стане реалност, а за некој само пуста желба. Веќе со години на светската сцена ги демонстрира своите квалитети и со право важи за еден од најдобрите играчи за врска. Тоа го покажа и во двете полуфинални пресметки во ЛШ помеѓу екипите на Реал (М) и Манчестер Сити.

И на третиот полуфинален натпревар во ЛШ се запиша во листата на стрелци. Прво на ПСЖ, а потоа два пати ја погоди мрежата на Реал (М). Од комплицирано и тврдоглаво дете израсна во играч од светска класа и тоа без конкуренција.

Кевин де Бруин одигра без греша кога е најптребо. Ја погоди мрежата на Тибо Куртоа, истиот тој Тибо кој пред неколку години му ја украде девојката и ја однесе во својот кревет додека беа тимски колеги во дресот на Челзи.

Репрезентативецот на Белгија ја доби наградата за најдобар играч на првиот полуфинален натпревар против Реал (М) во ЛШ и сега со право важи за еден од главните фаворити кога е во прашање „Златната топка“.

Доволно е да се погледне само еден натпревар на Манчестер Сити за да уверите во неговиот квалитет. Иако не беше на 100% од своите можности, КДБ е еден од најзаслужните за пласманот на Манчестер Сити во финалниот натпревар од ЛШ.

Офанзивниот играч за врска е најплатен играч во Премиер лигата со неделна плата од 450.000 евра. Тоа е доволен доказ за неговиот квалитет, а КДБ изјавува дека ја заслужува таа парична сума.

  • Тоа можам да го споредам со некој пејач на некаков концерт на кој има 60.000 фанови. Јас на ова гледам логички. Милиони луѓе гледат фудбал на ТВ. Приходите на еден клуб се движат помеѓу 500 и 600 мил. фунти. Да, тоа се многу пари, но дали се премногу? Ако клубот може да си дозволи такво нешто, тогаш не е премногу. Ова не е популарен одговор, но јас така мислам, изјави КДБ.

Белгијанецот имаше тежок и трнлив пат. Најтешко му беше во Челзи, кога е во прашање сениорскиот фудбал. Но уште како дете имал неубаво искуство. Како дете беше дел од младинскиот тим на Генк, а луѓето кои го вдомија го исфрлија од домот на суров и болен начин. Му кажаа дека ќе се видат после празниците, но тоа никогаш не се случи.

  • Бев во шок, тоа се тешки работи. Таа фамилија тоа никогаш не ми го кажа во лице. Ќе немав никаков проблем ако ми го кажаа тоа. Седев сам во мојата соба, на никого не му сметав. Ми мафтаа кога си заминував, како се да беше во ред, а потоа на клупските челници им кажаа дека не сакаат повеќе да ме видат. Тие зборови се врежаа во мојата глава. Неколку часа ја удирав топката во ѕидот и на глас повторував дека се ќе биде во ред и дека за брзо време ќе бидам во првиот тим, откри КДБ.

Од тој момент започна подемот на КБД кој реализираше неколку фантастични трансфери. Најтешкиот период му беше кога играше за Челзи, а вината за тоа може да ја побара и во споствените редови.

Прво имаше афера со најдобрата другарка на неговата тогашна девојка Каролина, која потоа заврши во креветот на Тибо Куртоа.

  • Тибо за една ноќ ми даде нешто кое Кевин ми го немаше дадено за три години. Имавме преубав разговор и ми направи прекрасна вечера. Кевин никогаш не направил такво нешто за мене, изјави Каролина.

Речиси 11 години подоцна, фудбалерот на Манчестер Сити е среќно оженет со Мишел Лакроих и имаат три деца.