Одрон на патот Делчево – Македонска Каменица

89

Голем одрон го попречува движењето на возилата на патниот правец Делчево – Македонска Каменица во близина на село Драмче.

-Состојбата налага сите кои патуваат на овој патен правец да внимаваат особено во близина на продавницата во село Драмче. На местото е поставена сообраќајна сигнализација за забавување на движењето на возилата, но бидејки местото се наоѓа на кривина препорачливо е кога се приближувате до ова место да ја намалите брзината, велат возачи.

Додаваат дека поситни одрони на повеќе места се забележливи и долж патниот правец од Македонска Каменица кон Кочани.

Од Македонија пат информираат дека нивни екипи се на терен и работат на отстранување на одроните.