Од 09:00 часот сообраќајот на патниот правец Р1202 Маврови Анови – Дебар кој беше во прекин поради одрон, се одвива наизменично по една коловозна лента, информираат од ЈП „Македонија пат”.

Екипите на претпријатието работат на целосно расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот по две коловозни ленти.

На патниот правец Р1202 Маврови Анови – Дебар кај село Сенце од 6:50 часот сообраќајот е во прекин поради одрон.