Одриозола сака во Милан

88

Младиот бек на шпанскиот гигант Реал (М), Алваро Одриозола, е сериозно заинтересиран за преселба во редовите на италијанскиот калчолигаш Милан. Седумкратниот европски клупски шампион е во потрага по нов десен бек кој треба да биде конкуренција на стандардниот првотимец Давиде Калабрија. Челниците на Милан веќе оставрија контакт со раководните лица на „кралскиот клуб“ со цел да ги информираат дека го сакаат Одриозола на едногодишна позајмица.