Во фоајето на Националната опера и балет денеска во присуствно на голем број роднини, пријатели и колеги  се одржа Комеморативен собир во спомен на врвниот инструменталист и музички автор, Милан Завков. Тој ненадејно почина вчеравечер, во 61-та година од животот.

Последното испраќање е во 12 часот, во капелата на Градските гробишта во Бутел.

“Маестро Милан Завков зад себе остави многу врвни изведби и антологиски музички творби. Колегите загубија извонреден колега, а сопругата и ќерките, прекрасен сопруг и татко“, велат од НУ Танец.

Завков беше познат како хармоникаш, композитор, инструменталист, првенец на „Танец“…

Како врвни хит-мелодии кои ги потпишува Завков, ќе ги паметиме и слушаме засекогаш: „Заиграј со мене” со Виолета Томовска, „Нема друга Македонија” со Војо Стојаноски, „Лична Јовано” со Наум Петрески, „Мораш душо да ме разбереш” со Благица Павловска, како и песните кои тој ги создаде за Атина Апостолова, Пепи Бафтировски, Елена Георгиева, Блага Петреска, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски и други…. Фото П. Стојановски