Одржан прв циклус работилници за редизајн на јавни површини во Скопје

127

Центарот за иновации на Град Скопје–Скопје Лаб во текот на месец декември одржа неколку последователни работилници на тема „Редизајн на јавни површини во Скопје“, кои се фокусираа на три јавни површини во Скопје со активно учество на студенти по архитектура и пејзажен дизајн.

Оваа втора фаза од иницијативата имаше за цел подобрување на состојбата на јавни површини во Скопје, преку зголемување на зеленилото и обезбедување поквалитетни јавни места за граѓаните. По работилниците, на 21 јануари, во просториите на Советот на Град Скопје се одржа отворена презентација на концептите.