Натпреварот од првото коло во ракометната Лига на шампиони меѓу тимовите на ПСЖ и ПИК Сегед е одложен зараси коронавирус во унгарскиот тим, соопшија челниците на Европската ракометна федерација.

ЕХФ го одложи натпреварот кој требаше да се одиграутре, откао еден играч на ПИК Сегед бил позитивен на коронавирус. Затоа унгаскиот тим мора во карантин според протоколот на унгарските власти. Под овие околности не може да се игра натпреварот кој беше закажан за денеска во 18.45 часот.

Европската куќа на ракометот сега мора да најде друг термин за овој натпревар. Тоа е една од осуммте натпревари кои се играат оваа недела и која мораше да биде одложена со цел да се зачува здравјето на играчите.