Првиот натпревар на јапонската тенисерка Наоми Осака на Олимписките игри во Токио е одложен од сабота за во недела.

Јапонката требаше да ги одмери силите против Кинескињата Сајсај Џенг на Централниот терен, а причината за поместувањето не е позната.

Се шпекулира дека причината најверојатно е вчерашната церемонија на отварање на Игрите, па немала премногу време за подготовка.