Мечот меѓу поранешниот македонски ракометен шампион Металур и Фајверс во Европската лига е одложен поради позитивни случаи на коронавирус кај австрискиот претставник. Натрпеварот требаше да се одигра наредната недела, но гостите побараа истиот да биде преместен за друг датум.

По првите две кола, Металург има два порази, од Тулуз дома и Адемар Леон на гостински терен. Ваквата одлука на ЕХФ значи дека ракометарите на тимот од Автокоманда ќе добијат неколку дена повеќе за одмор.

Фото:  РК Мерталург