Македонските ракометни репрезентативци Дејан Манасков и Кире Лазаров нема да ги играат своите натпревари од петтото коло во Лигата на Шампионите. Причина е ширењето на коронавирус, поради што Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи да ги одложи. Веспрем  нема да игра против Барселона, а  Нант ќе почека на дуелот со Мотор Запорожје.

Првиот „позитивен“ во Барселона беше Данецот Каспер Мортенсен, петочните тестирања покажаа три нови позитивни случаи кај каталонскиот гигант, по што целиот тим беше префрлен во самоизолација. Ракометарите на Мотор се наоѓаат во самоизолација и не можат да патуваат во Франција, тројца заразени играчи има и во таборот на Нант.