Церемонијата на доделување медали за екипната конкуренција во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри е одложена поради „правен проблем“ кој може да влијае на освојувачите на медали. Ова го соопштија од седиштето на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

Церемонијата требаше да се одржи во вторникот, кога рускиот тим требаше да ги добие златните медали, САД сребрените, додека бронзените – Јапонија.

Портпаролот на ИОК, Марк Адамс, истакна дека причината е „правната консултација“ со управното тело на уметничко лизгање, а останати детали не се наведени.

Меѓународната унија за лизгање како причина ги наведе и правните консултации.

Канада го зазеде четвртото место и може да освои медал доколку некој тим биде дисквалификуван.

Доколку некој спортист или тим биде дисквалификуван, најверојатно ќе следи жалба до Судот за спортска арбитража.