epa10633708 Novak Djokovic of Serbia in action during his men's quarter final round match against Holger Rune of Denmark (not pictured) at the Italian Open tennis tournament in Rome, Italy, 17 May 2023. EPA-EFE/ETTORE FERRARI

За време на Ролан Гарос, организаторите преку апликацијата „Bodyguard“ решија да им овозможат на играчите заштита од навредливи содржини со постојано следење и отстранување на навреди.

Според истражувањето на Светската спортска мрежа, секој петти твит што некој го пишува за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е негативен. Ноле често го нарекуваат „себичен“ додека некои „се надеваат дека никогаш повеќе нема да освои грен слем трофеј“.

„Дали тоа те изненадува“, одговори Новак со контра прашање, „Искрено, би се изненадил да беше поинаку. Знаете што рече Коби Брајант. „Одлично е кога некој те мрази. Затоа што не се мразат добрите, туку најдобрите“. Не мразам никого, така ги воспитувам моите деца. Омразата е ужасна емоција“.

Ѓоковиќ истакнува дека смета дека не заслужил никој да го мрази.

„Не би променил ништо во мојот живот, секогаш правев се најдобро што знаев во дадениот момент. Направив многу грешки, но барем јас бев автентичен. Сто пати повеќе би сакал да бидам свој отколку да одам заедно со системот, кој се чини дека е популарен овие денови“.

Во второто коло на Ролан Гарос, Ѓоковиќ, утре ќе се сретне со Мартон Фучовиќ, човек кој го победи во сите четири претходни средби.

„Многу физички силен и фит тенисер, комплетен, одличен повратник, солиден на двете страни. Нема многу дупки во неговата игра. Игра доста чисто, многу е разновиден, може да настапи на многу високо ниво и тоа го докажа во текот на кариерата“, заклучува Новак.