Одегард да остане на „Емирати“

167

Лондонскиот премиерлигаш Арсенал сака по секоја цена да ја продолжи соработката со норвешкиот интернационалец Мартин Одегард. Офанзивниот играч за врска е во сопственост на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Реал (М), а вториот дел од актуелната сезона го одработува како позајмен играч во дресот на Арсенал. Одегард ќе остане во Лондон доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 30 мил. евра.