„Одгледувајте храна, а не тутун“ е повикот на Светската здравствена организација за Денот без тутун

42

„Одгледувајте храна, а не тутун“ е повикот на Светската здравствена организација (СЗО) за денешниот Светски ден без тутун. Ова го информираше д-р Михаил Околијски, претставник на Бугарија во СЗО, на прес-конференција во Националниот прес-клуб на БТА во Софија.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Тутунот е одговорен за околу 8 милиони смртни случаи годишно во светот, коментира Околијски. Тутунската индустрија е единствена во светот која убива повеќе од половина од своите корисници, коментира и Околииски.

Според СЗО, рекордни 349 милиони луѓе во 79 земји се соочуваат со акутна несигурност на храна, многу од нив во земјите со низок и среден приход, вклучително и повеќе од 30 земји во Африка. Многу од овие земји користат големи површини плодно земјиште за одгледување тутун наместо здрава храна, известува СЗО.

СЗО ја повикува Бугарија да престане да одгледува тутунски култури опасни по живот, рече Околииски. И додаде дека целта е да се стави крај на оваа економска зависност во најсиромашните региони во земјата.

Иако тутунот е веќе „маргинална култура“ во земјата, високи субвенции продолжуваат да се даваат, истакна економистот д-р Димитар Шабев од Институтот за економски истражувања при Бугарската академија на науките (БАН).

Според него, сепак се гледа дека одбивањето на тутунот води кон просперитет на локалното население. Пример за тоа е селото Брезница во општина Гоце Делчев, според истражувањата. Таму од 2013 година сите жители на селото се пренасочени кон малини, јагоди, лешници и печурки, покажуваат податоците. Според Шабев, се гледа дека има алтернативи.

Во одговор на прашање на БТА, пулмологот д-р Софија Ангелова потсети дека според последните податоци на Националниот центар за јавно здравје и анализи од 2020 година пушат 39,4 отсто од Бугарите. Најактивните пушачи се на возраст од 45 до 55 години, истакна таа. Како загрижувачки податок специјалистот посочи дека децата и младите користат електронски тутунски уреди.

Вечерва во 19 часот ќе се одржи концерт насловен „За живот без чад“ во салата „Фестивална“ во Софија.