EPA-EFE/Fernando Bizerra

Иако имаше огромни понуди во Европа, неколку великани го посакуваа, но Фанкудо Кампацо реши да остане во НБА-лигата и на крајот се воспостави дека – згреши. Екипата на Далас на почетокот на сезоната потпиша со Кампацо на минимум една година, но сега и официјално се разделија.

Тој одигра само 52 минути во осум натпревари за Далас и со тоа ја додаде таа неимпресивна бројка во неговата прилично лоша кариера во НБА. Како клучен играч на Реал, Аргентинецот отиде во Денвер во 2020 година и таму помина три сезони каде што играше сè помалку.

Сега Далас реши да му врачи отказ, а на негово место го донесе поранешниот репрезентативец на САД и голема НБА ѕвезда Кемба Вокер. Тој веќе неколку сезони талка и како ветеран не може да си ја најде улогата, а сега во Далас се надеваат дека би можел да биде вистинска алтернатива за Лука Дончиќ, кога на клупа ќе биде феноменалниот Словенец.

На почетокот на сезоната, кога Кампацо беше слободен играч, го бараа Реал Мадрид и Фенербахче, а турскиот гигант, кој моментално е убедлив лидер во Евролигата со девет победи и еден пораз, му понуди 9 милиони евра за три сезони.

Да го прифатеше тој договор, Кампацо можеше да стане четврти најплатен играч во Евролигата, но сега прашање е кој би го земал. Фенер игра одлично и не би ризикувал со донесување на нов играч, а воедно финансиските барања на Кампацо се големи, па и нереални.

Според „Баскет њуз“, Армани Милано е меѓу најзагреаните клубови за неговиот потпис, пред се поради повредата на Пангос и очајната форма на клубот. Исто така се споменува и Реал Мадрид, каде што Кампацо се изгради како играч.