Меѓународната пливачка федерација  (ФИНА) го предупреди олимоискиот шампион на 400 метри слободно, Австралиецот Мек Хортон, откако одви да застане на победничкиот подиум во текот на интонирање на кионеската химна на Светското првенство во Гванжу по победата на контроверзниот Кинез Сун Јанг, кој го освои златниот медал.

Австралиецот, кој освои сребро, освен што не се поздрави, не сакаше ниту да се слика со победникот и одлучи да остане надвор од победничкиот подиум за време на интонирање на химната.

-Неговото однесување и се што се случува говори повеќе од било што би кажал јас. Фрустриран сум. Мислам дека знааете заради што, изјави Хортон, кој уште на последните Олимписки игри во Рио де Жанеиро го опиша Сун како измамник.

На Светското првенство во Казан во 2015 година Сун не се појави во финалната трка, наводно заради болки во прстите. Една година претходно беше суспендиран на три месеци заради допинг. Неодамна е откриено и како трикратниот олимписки шампион избегнал суспензија откако со чекан ги уништил своите крвни примероци. Кинескиот пливач ги негираше обвиненијата, а ФИНА проценила дека тој не ги прекршил правилата. Меѓутоа, Светската антидопинг агенција (ВАДА) вложи жалба до Арбитражниот суд за спорт во Лозана.

Австралиецот, кој освои сребро, освен што не се поздрави, не сакаше ниту да се слика со победникот и одлучи да остане надвор од победничкиот подиум за време на интонирање на  кинеската химната, откако победи Кинезот Сун Јанг

Австралиските медиуми објавија дека 27 – годиншниот кинески пливач одбил тестирање, бидејќи сметал дека службеничката не е доволно квалификувана. Потоа дал примерок, но епруветата била уништена со чекан. Наводно, маката на Сун била таа која барала епруветата да биде уништена со чекан.

Австралискиот пливач предизвика аплауз од страна на колегите, но ФИНА не се согласи со неговата постапка и го предупреди Хортон.

-ФИНА ја почитува слободата на говорот, но таа мора да се спроведе во вистински контекст. како и во сите поголеми спортови и организации, нашите спортисти и нибните следбеници се свесни за својата одговорност да ги почитуваат прописите на ФИНА и да не ги користат натпреварувањата на оваа организација за да го изразат своето незадоволство, се вели во соопштението на ФИНА.

Во пресрет на почетокот на СП, олимписката победничка од Рио, Американакта Лили Кинг, ја обвини Фина дека не работи доволно добро во борба против допингот и како пример го наведе кинескиот пливач.

Сун Јанг е актуелни светски шампион на 200 и 400 метри, а освојуваше олимписко злато на 200, 400 и 1.500 метри.