Алжирскиот џудист Фети Нурин е суспендиран на 10 години поради одбивање да ги одмери силите со израелски противник.

Имено, Алжирецот на Олимписките игри во Токио одби да се натпреварува против Тохар Бутбул, а причината за такво нешто била „политичка одлука“. Поради овој потег, меѓународната џудо федерација го суспендираше Нурин, а со оглед на визиканата на казната, тоа би можело да значи и крај на неговата професионална кариера.

Нурин прво беше суспендиран привремено, но сега Дисциплинскиот одбор започна внатрешна истрага и одлучи да го казни и него и тренерот со 10-годишна забрана за настап, што воедно е најголема изречена казна во овој спорт.

  • Дисциплинската комисија смета дека е очигледно дека Олимписките игри се користеа како платформа за протести и промоција на политичка и верска пропаганда, што е јасно и сериозно кршење на Статутот и Кодексот за етика на Меѓународната џудо федерација, како и Олимписката повелба, се вели во соопштението.

Фети има можност да поднесе жалба до Судот за спортска арбитража.